Актуелно

На УКИМ промовирани 23 доктори на науки 

Денес беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравството, техничко-технолошките науки и хуманистичките науки, соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

На свеченоста во Ректоратот проф.д-р Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“  промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Градежниот факултет, Машинскиот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сезмологија во Скопје.

Промоцијата на доктори на наука беше одржана на пладне во големата сала на Ректоратот.

Во доктори на наука беа промовирани: Слободанка Саздова Бурнеска, доктор на медицински науки од областа на неврологијата, Нерон Поповски, доктор на медицински науки од областа на ортопдеијата, Димитар Вељановски, доктор на медицински науки од областа на радиологијата,  Сашо Димоски, доктор по драмски уметности, Нина Николиќ, доктор по драмски уметности, Илија Циривири, доктор по драмски уметности, Иван Китановски, доктор на техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство, Панче Рибарски, доктор на информатички науки, Методија Јанчески, доктор на информатички науки, Бобан Јоксимоски, доктор на техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство, специјалност информатика,  Миле Партиков, доктор на технички науки, Сеад Абази, доктор на технички науки од областа на геотехниката, Бојан Сусинов, доктор на технички науки од областа на геотехниката, Кристина Милкова, доктор на технички науки од областа на градежништвото,  Ристо Попоски, доктор на технички науки по индустриско инженерство и менаџмент,  Билјана Матевска, доктор на технички науки по индустриско инженерство и менаџмент, Трајче Велковски, доктор на технички науки по индустриско инженерство и менаџмент, Јелена Џокиќ, доктор на технички науки по машинство, Васе Јорданоска, доктор на технички науки по машинство, Цветанка Велкоска, доктор на технички науки по машинство, Јордан Бојаџиев, доктор на технички науки од областа на земјотресното инженерство, Никола Наумовски, доктор на технички науки од областа на земјотресното инженерство, Милош Стокуќа, доктор на технички науки од областа на земјотресното инженерство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons