На територија на поранешна СФРЈ населението се „топи“ – која земја е најголем губитник?
Поранешната СФРЈ изгубила 3,5 милиони луѓе.
На територијата на државата која некогаш се протегала од Вардар до Триглав, денес живеат околу три и пол милиони помалку луѓе отколку во 1991 година.
Најголема загуба на население има Босна и Херцеговина, каде денес, според проценките на локалниот завод за статистика, живеат дури четвртина помалку луѓе отколку на почетокот на војната. Србија има за 1.192.237 граѓани помалку во споредба со 1991 година. Во Хрватска, сега има една петина помалку жители отколку во 1991 година. Демографите пресметале дека дури 180 луѓе ја напуштаат земјата секој ден. Резултатите од последниот попис на населението во Северна Македонија покажуваат дека таа изгубила скоро десет проценти од своето население во споредба со 1991 година. Податоците на Агенцијата за статистика на Косово, покажуваат дека околу десет проценти од населението денес живее на подрачјето на Косово помалку отколку во 1991 година.