На два дена пред пресудата Рашковски ги оцрни сведоците и доказите
На два дена пред пресудата за случајот ,,Софтвери”, Драги Рашковски обвини за притисоци и понуди за спогодба за обвинението. На пресконференција, тој и обвинетиот Даниел Станчев рекоа дека ќе одат до крај во правната битка пред Европскиот суд во однос на притворите кои им беа одредени.
Рашковски не демантираше дали биле негови пораките што беа презентирани во судот, туку рече дека никаде не стоело неговото име, ниту бројот кој тогаш го користел. Обвинетиот Станчев обвини дека му биле понудени пари за да сведочи против Рашковски.
По ваквите обвинувања, од обвинителството се со став дека нема да коментираат изјави на други странки во процесот.
В четврток ќе се изрече пресуда за предметот „Софтвери“ во кој првообвинет е Драги Рашковски како поранешен Генерален секретар во Владата, а се однесува за набавка на софтвер за контрола на сообраќајот.