Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија
За изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу врнежи од дожд од 15 литри на метар квадратен се измерени во Гевгелија, потоа 11 во Пожаране, 7 Маврови Анови, 6 Пожар-Радовиш, 5 Тетово, Крушево, 4 Лазарополе, 2 Струмица, Битола и 1 л/м2 во Претор.
Најниска температура од 3 степени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Маврови Анови, соопшти УХМР. Следат Kрушево и Лазарополе со 4 степени, 6 во Скопје-Петровец, Tетово, Прилеп, Крива Паланка, и во Претор, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица и во Гевгелија, 8 во Кавадарци, Куманово и Велес, 9 Виница, Охрид, Штип и 10 степени во Демир Капија.
За изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу врнежи од дожд од 15 литри на метар квадратен се измерени во Гевгелија, потоа 11 во Пожаране, 7 Маврови Анови, 6 Пожар-Радовиш, 5 Тетово, Крушево, 4 Лазарополе, 2 Струмица, Битола и 1 л/м2 во Претор.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.



