НАЈНОВА ВЕСТ: Инцидент на Мечин Камен, за малку е избегната тепачка! (ВИДЕО)
Во еден момент поголема група на граѓани започнаа со скандирање на „Никогаш Северна, само Македонија“ што ескалираше со обид за судир помеѓу поддржувачите и противниците на премиерот Димитар Ковачевски, објави порталот Инфомакс.
– Проблемите настанаа кога партиското обезбедување на СДСМ, наместо полицијата се обиде да го раздели народот. За време на случувањата беше нападнат репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ од страна на партиското обезбедување на СДСМ кое потоа вербално ја нападна и полицијата на Мечкин Камен, објави порталот.
-Кога пристигна Таче поголема група на граѓани почна да скандираат Никогаш Северна, Само Македонија и го исвиркуваа Ковачевски, во тој момент група на СДСМ со партиското обезбедување започна да ги бутка луѓето по што ме нападнаа и мене бидејќи сум бил „партиски снимател“. Им велам јас сум обележан од глава до пети, тргни рацете од мене, јас сум на работа. Викнав полиција која дојде да ме спасува по што вербално ја нападнаа и полицијата, вели репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ.