Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг листата
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа 2023 година ќе ја заврши на 213 место на ВТА ранг-листата.
Ѓорческа има скок од три места во однос на минатата недела, но бројот на поени е ист – 357.
Во поединечна конкуренција кај жените Магдалена Стоилковска со девет поени се наоѓа на 1208 позиција и има пад од две места.
Ѓорческа исто како и во сингл и во конкуренција на двојки има напредок од три позиции и се наоѓа на 364.то место со 226 поени.
Потсетување дека Ѓорческа на почетокот на новата сезона ја очекува настап во квалификациите на „Австралија Опен“ во Мелбурн.