Македонија

Наставници се собираат пред СОНК, не ја прифаќаат одлуката за прекин на штрајкот

Откако Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) попладнево соопшти дека го става штрајкот во мирување, од попладнево пред седиштето на синдикатот се собираат членови кои изразуваат незадоволство од последната одлука на раководството.

Лидерот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека СОНК ја донел одлуката откако до него стигнало известување од министерствата за образование и за труд и социјална политика дека Владата е подготвена на спогодбено решение на споровите. 

Во меѓувреме, стотици илјади деца и нивните родители се во неизвесност околу тоа дали учениците утре ќе одат на настава. Родители од Скопје за „Слободен печат“ велат дека наставниците од училиштата во кои учат нивните деца немаат одговор и на учениците им кажуваат дека дополнително ќе ги известат, затоа што биле затекнати од одлуката за прекин на штрајкот. 

Од СОНК изјавија дека мора да го почитуваат законот и дека доколку во текот на мирното решавање на спорот не се изнајдат соодветни решенија, повторно ќе го активираат штрајкот.

– Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување се додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, рече Неделков. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons