Нападнати неколку полицајци на Велигден
Ниту најголемиот христијански празник Велигден не помина мирно. Агресивно однесување и напад на полицаец е регистриран вчера во два одделни случаи.
Како што соопшти МВР, во првиот случај, вчера во 1.00 часот на Градскиот плоштад во Берово, приведен е А.Ч.(36) од Берово. Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај, вчера во 4.30 часот пред угостителски објект во село Кривогаштани, Х.П. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.