Намален водостојот на Преспанското и Охридското Езеро
За по еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.
Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,86 метри понизок од повеќегодишниот просек за јуни. Пониско од просечното и тоа за еден сантиметар е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,62 метра повисок од просекот за овој период од годината.
Нивоата,пак, на поголем дел од реките во земјава се во рамките на просекот за јуни. Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Пелинце, каде нивото е речиси за 2,5 пати пониско од просечното и Крива Река кај Крива Паланка каде водостојот е двојно понизок од просечниот. За 52 сантиметри пониско од просечното е и нивото на Црн Дрим кај Ложани, додека водостојот на Бабуна кај Богомила е скоро двојно повисок од просекот за јуни.