Актуелно

„МојДДВ“ прилагодена на повисокиот лимит од 2.100 денари, еве што треба да направите

Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. 

Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај. 

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523.673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons