„МОСТОТ БЕЛАСИЦА“ КОНЕЧНО ДОЈДЕ НА РЕД: ЕСМ стартуваше со санација на цевководот
Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за постаувавање на истите веќе се започна со активности на терен.Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот железнички мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО.
Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми. Според овие правила, на почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија.
Воедно повторно апелираме до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија