МакедонијаНајново

Момче (24) и девојка (28) од Македонија уапсени во Саранда поради кражба на плажа 

Албанската полиција привела двајца македонски државјани, момче и девојка поради кражба на плажа во познататиот приморски град Саранда.

Според полицијата овие лица во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка и ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.

– Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28)  двајцата жители на Северна Македонија, соопшти полицијата.

Се додава дека истрагата продолжува за откривање на можната нивна поврзаност со други кражби.

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Саранда, за понатамошни дејствија, за кривично дело „кражба“, извршено во соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons