Момче од Македонија се удави на плажа во Црна Гора
Дваесет и двегодишно момче од Македонија се удави вчера на плажата Утјеха, помеѓу Бар и Улцињ. Момчето се удавило околу 18 часот, а на телото немало траги на насилство. Дополнително треба да се утврди причината за смртта.
Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските електронски медиуми.