Актуелно

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

Министерството за надворешни работи(МНР) ѝ врачи протетстна нота на Бугарија, но амбасадорот Желазко Радуков одби да ја прими.

Бидејќи немаше македонското знаме на средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела во Софија, денеска во МНР е повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава  Радуков, за да му биде врачена протестна нота. Тој одби да ја прифати протестната нота.

„На средбата беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна“, велат од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор е потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера, додаваат од министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons