МакедонијаНајново

МНР: Од почетокот на тензиите во Судан нема регистрирани повици за помош од наши државјани 

Од почетокот на тензиите во Судан не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од таму дополнуваат дека според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата.

– Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk, како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса globalsos@mfa.gov.mk, стои во соопштението од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons