Актуелно

Млад Македонец убиен во Германија 

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Тој бил претепан до смрт по расправија со двајца Еритрејци.

Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет, објавија германската полиција .

Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.

Според соопштението на полицијата 32-годишниот Македонец починал во болница како последица на повредите. Во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени лица. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштен на слобода. Обвинителството во Есен го истражува случајот.

Нема детали што била причината за расправијата која доведе до смрт. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons