МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?
Во октомври минималната синдикална кошничка повторно изнесува над 1.000 евра. Оваа сума му е потребна на едно четиричлено семејство за покривање на основните животни трошоци.
За еден месец минималната кошничка е намалена за само 57 денари и изнесува 61.249 денари. Доколку се извојат трошоците за храна и појалаци, тогаш може да се забележи намалување од речиси 1.000 денари – што од синдикатот го оценуваат како позитивно, посочувајќи дека владината есенска кошничка, во која на 73 производи им се ограничи бруто профитната маржа, дала резултати. Од синдикатот побараа Владата да ги вклучи во креирањето на вакви мерки во иднина.
Од СДСМ велат дека владините мерки не дале резултат.
Инаку, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.