МакедонијаНајново

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот „Тетова сот“. Од партијата потврдија дека Тачи повеќе нема да биде дел од фронтот и дека ќе остане во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Нашиот лидер го напушти Европскиот фронт, веќе нема фронт. Претседателот ќе комуницира само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, изјавија од ДПА, најавувајќи дека Тачи наскоро ќе ги објасни причините за овој чекор.

Во меѓувреме, Али Ахмети изјави дека Тачи е усогласен со политиките на Европскиот фронт, нагласувајќи дека не постои дилема околу неговото учество. Со заминувањето на Тачи, Европскиот фронт останува со 17 пратеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons