МВР: Заборавен куфер со облека е лажната дојава за бомба на Железничката станица во Скопје
Лажна е дојавата за бомба во Железничката станица. Заборавен куфер со облека направи паника меѓу безбедносните служби. Од МВР велат немало никаква опасност за граѓаните.
-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР.