МВР: Досега украдени три тротинети
По четири дена откако Bin Bin постави електрични тротинети низ Скопје, три од нив се веќе украдени, според последните информации од МВР.
Порпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски вели дека досега се пријавени три кражби на ова алтернативно превозно средство, сопственост на турската фирма.
На социјалните мрежи изминатите денови имаше реакции дека веќе голем дел од тротинетите се оштетени, но и критики на адреса на турската компанија „Bin Bin“ за интеракцијата со клиентите.