МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Еразмус + како приватна фондација на СДС, доделени 205 илјади евра преку грантови на брат на нивен пратеник 

Еразмус + како приватна фондација на СДС, доделени 205 илјади евра преку грантови на брат на нивен пратеник.

83 илјади евра за дресура на магариња и 125 илјади евра за правење на сирење, СДС преку Еразмус + доделија на братот на нивниот пратеник, Диме Велковски.

Над 200 илјади евра по партиска линија, Заев и Димова преку Агенцијата Еразмус + му доделија на Горан Велковски, брат на тогашниот пратеник Диме Велковски.

Прашањата кои останаа неодговорени се кој го одобрил проектот? Дали лицето одговорно за одобрување на проектите е лице блиско до Зоран Заев и СДС? Дали во Агенцијата се давале проекти исклучиво на блиски лица до СДС или пак нивни членови? Дали беа поминати сите процедури и дали можеби имало и други кандидати кои конкурирале за истиот  проект, но не биле одбрани бидејќи не биле членови на СДС?

Тоа што СДС го правеше во Агенцијата Еразмус + беше еден од примерите како тие ја водеа државата. Работа и проекти имаше само за нивни членови, криминалот и корупцијата цветаа, додека одговорност немаше.

Обвинителството треба да почне да се занимава со отворање на истраги за случаи за кои имаме индиции дека е сторен криминал. Доста е веќе криење и штитење. Правда мора да има!


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=ONt2SwatpXI

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons