Магазин

Мало зрно со голема моќ: Чудесно ги топи килограмите и тоа поради овие четири причини 

Во малото зрно на леблебијата се крие голема моќ. Освен што е богато со железо, тоа содржи толку влакна што може да не одржи сити и по неколку часа.

Леблебијата, мешунка од семејството бобови, наречена уште и наут, солен грашок или солен грав, покрај сите драгоцени состојки за човечката исхрана, кај нас се уште најмногу се употребува како „ужинка за грицкање“. Но тоа не треба да биде така.

Таа е природен извор на железо, дури и кога е сварена содржи двојно повеќе од исто количество на месо, па е совршена во оние денови, како и во текот на бременоста и доењето.

Богата е со калциум, а на оброкот му дава полн состав од потребните амино-киселини, а освен тоа, има и низок глукемиски индекс, што помага во стабилизирање на нивото на шеќерот во крвта. Леблебијата е и одличен извор на протеини, а како што е богата со растителни влакна, им се препорачува на оние лица кои страдаат од синдромот на иритабилни црева. Додека растворливите влакна помагаат за жолчката да биде под контрола, нерастворливите влакна го подобруваат варењето и помагаат при слабеење. А од нив сте сити и по неколку часа.

Семето од леблебија е слично со семето од соја или сушеното зрно грашок и се подготвува на сличен начин, како вариво, или се користи како додаток кон зеленчукот.

Направете хумус

Потребно е: 300 гр сирова леблебија, сок од 1 лимон, 2 лажици маслиново масло, 2 чешниња лук, половина шолја тахини – паста од сусам, магдонос, половина мала лажичка зачинска пиперка, сол, половина лажичка мелен ким, бибер, луто пиперче.

Подготовка: Леблебијата најпрво потопете ја во вода да отстои преку ноќ. Потоа варете ја час и половина до два. Сочувајте ја водата во којашто сте ја вареле, па во блендер соединете ја со лукот, тахинито, солта и маслото, лесно додавајќи ја преостанатата течност додека да ја постигнете посакуваната густина. Кога е готов, хумусот сервирајте го во подлабока чинија, прелијте со маслиново масло, црвена пиперка и магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons