Македонците се најсиромашни: Какви се платите во останатите држави?
Просечната нето плата во Македонија изнесува 34.925 денари, односно околу 568 евра, а според податоците на „Н1“ тоа е најниската плата во споредба со останатите земји од поранешна Југославија.
Пред нас е Босна и Херцеговина со просечна нето плата од 644,23 евра, по што следи Србија со 729 евра и Црна Гора со 781 евро.
Во Хрватска просечната нето плата е 1.130 евра, додека во Словенија се заработува највисока плата од дури 1.423,75 евра месечно.