Спорт

Македонската тенисерка Ѓорческа со успешен старт на турнирот во Копер

Денеска во првото коло од турнирот В75 во Копер, Словенија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа запиша триумф.

Нашата натпреварувачка за еден част и 41 минута игра со резултат 2:0 (7:5, 6:1) во сетови ја совлада Мари Беноа од Белгија.

Во првиот сет кој донесе поголема неизвесност Белгијката го доби првиот гем, но потоа Ѓорческа имаше низа од четири гема. Беноа возврати со иста намера и стигна до 5:5, но во следните два гема подобра беше Македонката за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет доминираше Ѓорческа дозволувајќи ѝ на противничката да освои само еден гем.

Противничка на Ѓорческа во осминафиналето ќе биде победничката од дуелот меѓу Екатерине Горгодзе (Грузија) и вторат носителка на турнирот Селена Јаничијевиќ (Франција).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons