Актуелно

Македонија ќе добие „бесконечна“ планинарска патека долга над 2.000 километри 

Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски друштва, Македонија ќе ја добие најдолгата планинарска трансверзала на Балканот. Наречена Македонска бесконечна трансверзала или Самијана (Sammiana), оваа патека ќе биде долга 2.070 километри и ќе поминува низ најголем дел од планините и природните убавини во земјава. Од тоа, околу 1.500 километри ќе бидат нови патеки.

Покрај трасирањето, трансверзалата ќе биде покриена и со прецизни и детаљни мапи и ГПС записи.

И покрај одличните услови, Македонија досега немаше патека од ваков тип. Најдолга е Западната трансверзала со должина од околу 170 километри. Целта на овој мегапроект е Македонија да добие долга патека која ќе биде убава за движење, јасна и маркирана на терен и дополнително прецизно и комплетно дигитално мапирана.

Најниската точка на патеката ќе биде на 103, највисоката на 2.520 метри надморска височина, а потребното време за поминување на целата трансверзала се проценува на 70-100 дена.

„Бесконечна има вистинско значење. Трансверзалата има една централна точка од каде што може да одберете да тргнете во една од четирите насоки, а потоа по отприлика 40-50 дена повторно да се најдете на истата централна точка и да продолжите во друга насока или по веќе поминат дел, но во спротивна насока. Кога ќе се додаде и фактот дека патеката на мапа личи на математичкиот симбол за бесконечност, тогаш со право можеме да ја викаме бесконечна“, велат промоторите на трансверзалата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons