Актуелно

Македонија меѓу земјите со најмалку кружни текови 

Која земја го држи рекордот по број на кружни текови? За статистиката се погрижи сајтот DiscoverCars.com кој ги броеше на мапата преку сајтот OpenStreetMap. Земјите ширум светот се рангирани не само според вкупниот број, туку и според кружните текови на милион жители. Земјите со површина помала од 10.000 квадратни километри беа исклучени од студијата.

Студијата ја потврдува супериорноста на Франција од други слични анализи. Таму на целата територија се избројани 42.986 кружни текови. Тоа значи 666,8 кружни текови на милион жители, што повторно е највисок показател.

Првата тројка ја заокружуваат Велика Британија (25.976) и Италија (18.172). Четвртото место е резервирано за Шпанија со вкупно 15.053 кружни текови. Првата неевропска земја на листата е Бразил, на петтото место. Огромната јужноамериканска земја има 11.854 кружни текови или 54,8 кружни текови на милион жители.

За споредба, во Бугарија има само 260 кружни текови, што е на дното на земјите од ЕУ. Словачка е со два помалку, како и Летонија со 168.

На Балканот се следните бројки: Црна Гора – 62, Македонија – 95, Србија – 225 и Албанија – 238. Во Романија има 1595, во Турција – 3899, во Грција – 531, а во Хрватска има 662.

По Франција, Португалија е земја со најмногу кружни текови на милион жители во просек. Има 4.851 кружен тек, што значи дека ги има 473,4 на милион жители, односно Португалија е пред Норвешка (427,1), Исланд (421) и Ирска (385).

На ова рангирање Бугарија е на претпоследното место меѓу сите европски земји со просек од 38,9 на милион жители, додека соседна Србија има 31,5.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons