Магазин

Македонија е на Евровизија и кога не е: Имаме сепак наш претставник 

Дарко Димитров е најпознатиот македонски и регионален текстописец, композитор, музички продуцент, со кој сите се гордееме. Годинава Димитров е на Евровизија, но стои зад тимот на Црна Гора. 

Во изминатите години Димитров учествуваше во подготовка на песни за Евровизија за македонските претставници, но поради големиот успех кој го доживеа, стана препознатлив и на регионалната сцена, па често се потпишува како продуцент и на песни од изведувачки кои се од Србија, Црна Гора или Хрватска. 

Во регионот е претпознатлив како еден од најуспешните продуценти, поради што целокупната македонска јавност се гордее со неговиот успех. 

Тој е продуцент на Нинанајна, песната од Република Македонија за Евровизија 2006, а годинава скоро 20 години подоцна Димитров повторно ја запали европската музичка сцена на најпознатиот музички фестивал во Европа, но овој пат стои зад тимот кој ја претставува Црна Гора. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons