Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство
Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство.
Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство.
Taa денеска е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство, односно стана еден од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител.
На ова позиција уште неколку дена е обвинителот Љубомир Јовески, затоа што мандатот му истекува на 25 декември.
Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а до пред изборот работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Таа е позната по предметите како ,,Империја” и „Плацеви на Водно”, кои завршија со осудителни пресуди за обвинетите. Во овие предмети беше извршена и конфискација, односно беше одземен имотот на братучедите, екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.