МакедонијаНајново

„Лидл“ купува локација во Скопје за првиот маркет во Македонија 

Големиот германски трговски синџир „Лидл“, чие влегување на македонскиот пазар се најавува подолго време, постигнал договор да ја купи локацијата на продажниот центар „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, објави „Фактор“. 

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на „Лидл“ во земјава. Нашите граѓани со години пазаруваат во маркетите на „Лидл“ во соседните земји.
Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации која е постигнатата сума, пишува „Фактор“. 

„Скопски пазар“ е компанија која е котирана на Македонската берза, па таа информација би била ценовно чувствителна и би била објавена на платформата на Берзата. Тогаш и ќе се дознаат повеќе детали околу трансакцијата.

„Лидл“ регистира компанија во Македонија пред две години, а тогаш од трговскиот ланец најавуваа дека таа ќе биде управувана од бугарската филијала.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons