СветХроника

ЛЕТАЛЕ СЕКИРИ И МОТИКИ, ЕДЕН ЗАГИНАТ И НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ Масовна тепачка во бугарски Казанлак (ВИДЕО) 

Шест лица се повредени во масовната тепачка во Казанлак, Бугарија. Една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба. Еден од ранетите починал, јави агенцијата БГНЕС доцна попладнето.

Инцидентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи од ромска националност се степале со секири и со мотики, на паркингот зад кооперативниот пазар.

До тепачката дошло поради тоа што две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале стара семејна расправија. Се сретнале на судење, се виделе, па така започнала тепачката која завршила крваво.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons