Актуелно

Која е најпрофитабилната македонска индустрија? Ќе се изненадите! 

Четири од пет најголеми македонски рударски компании лани одлично го „извозеа“ бранот на светската конјуктура и одлично заработија. Еве само еден податок: кај тие што завршиле со добивки, профитот се движи од 23% до 48% од приходите од продажба! Најпрофитабилната рударска компанија лани има добивка поголема од 35 милиони евра!

Рударската индстрија лани буквално згази! Имаше златна година, благодарејќи на глобалниот пазар на метали и суровини кој значајно се крена во пост корона годината. Македонија има пет големи рударски компании од кои четири се за метали и една е за ископ на благодорниот камен-мермер.

Најголема домашна рударска компанија и лани е „Саса“ од Македонска Каменица,која уште во СФРЈ важеше за една од петте општини со најголем БДП по глава на жител. Приходите на „Саса“ лани се 95 милиони евра, а од тоа како добивка на акционерите им останале37 отсто односно 35,5 милиони евра

Новата рударска компанија од Радовиш Боров Дол годинава покажа дека навистина била капацитет со голем потенцијал. Приходите на овој рудник надмина износ од 50 милиони евра. Добивката е 12 милиони евра и тоа е прва година откако работи оваа млада компанија, да заврши со добивка.

Прилепски Мермерен комбинат е проверена шема и е убедливо најпрофитабилна од рударските компании во земјава. Од приходите лани речиси половина останале како добивка. Во апсолутен износ 14,8 милиони евра.

Од големата рударска петорка годинава единствено Бучим работеше со загуба, но тоа е очекувано заради новиот инвестициски циклус во најголемиот рудник за бакар во Македонија. Воедно од тие причини и се намалени неговите приходи за речиси една третина во однос на 2021 година.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons