Кои три земји имаат највисок БДП во светот?
Луксембург, Ирска и Норвешка се држави со највисок БДП по глава на жител. Тие имаат повеќе од 100.000 долари БДП по глава на жител.
Луксембург е клучен центар за финансиски услуги во Европа, во Ирска има многу мултинационални корпорации, а Норвешка е еден од најголемите извозници на енергија во регионот.
Богатите земји со малку население имаат тенденција да бидат најбогатите во светот. Како што објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луксембург има нешто повеќе од 600.000 луѓе, што е еквивалент на помал град во многу понаселени земји. Всушност, во првите 10, само САД и Австралија имаат население над 10 милиони. Со години исти земји фигурираат во топ 10.
Извор: Visualcapitalist.com
foto freepik.com/ user850788