Свет

Климатски активисти со протест го запреа воздушниот сообраќај во Германија

Климатски активисти преку разни акции на аеродромските писти го прекинаа воздушниот сообраќај на главните германски аеродроми, пишува „Анадолу“.

Активистите од групата „Последна генерација“ добија пристап до аеродромите во Берлин, Келн-Бон, Нирнберг и Штутгарт, и ги принудија властите привремено да ги прекинат летовите поради безбедносни причини.

Групата сподели фотографии и видеа од акцијата, прикажувајќи неколку активисти во портокалови заштитни елеци како седат на аеродромите со транспаренти на кои пишува „Нафтата убива“.

„Заедно со сојузничките протестни движења, вклучително и во САД и Канада, ‘Последна генерација’ повикува на потпишување на договор за постепено исфрлање на фосилните горива до 2023 година“, се вели во соопштението на групата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons