Свет

Кина вели дека нема да се двоуми да започне војна доколку Тајван прогласи независност 

Кина нема да се двоуми да започне војна доколку Тајван прогласи независност, изјави во Пекинг портпаролот на Министерството за одбрана по средбата меѓу министерот за одбрана и неговиот американски колега во Сингапур.

„Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да започне војна, без разлика колкава е цената“, рече Ву Џијан цитирајќи го министерот за одбрана Веи Фенге за време на состанокот со американскиот колега Лојд Остин.

Денеска во Сингапур двајцата министри не се согласиле за време на состанокот. Пекинг вети дека ќе го прекине секој обид на Тајван за независност, а Вашингтон ја повика Кина да престане со дестабилизација на островот.

На состанокот во Сингапур за време на безбедносниот форум Шангри-Дијалог, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинески колега Веи Фенге дека Пекинг треба да „се воздржи“ од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван, соопшти Пентагон.

Според кинеското Министерство за одбрана, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување на независност на Тајван.

Кинескиот министер му се пожали на американскиот колега во Сингапур за американската продажба на најновиот пакет оружје на Тајван и предупреди на можен конфликт околу тој остров со сопствена самоуправа, кој Кина го смета за своја територија.

Веи Фенге рече дека американската продажба на оружје на Тајван „сериозно го поткопува кинескиот суверенитет и неговите безбедносни интереси“, објави кинескиот државен медиум ЦЦТВ.

Тајван се отцепи од Кина за време на граѓанската војна во 1949 година, а Кина се заканува дека ќе употреби сила за да го анектира островот.

САД во средата објавија дека продаваат делови за бродови за тајванската морнарица, во најновиот пакет оружје проценет на 120 милиони долари.

Остин ја нагласи потребата за разумно управување со конкуренцијата и одржување на отворени линии на комуникација, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.

Тој рече дека САД се посветени на својата долгорочна политика кон Тајван, ја потврди важноста на мирот и стабилноста во таа област и ја повика Кина да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки дејства кон Тајван.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons