Актуелно

Како холандската влада го прочита Извештајот на ЕК за Македонија: Мрачна слика

Извештајот дава мрачна слика за случувањата во областите на кластерот „Темели“, пишува во оценката на владиниот кабинет на Холандија за извештајот наЕК за Македонија испратена до Парламентот во Хаг.

„Развојот на настаните во Судскиот совет, политичкото влијание врз назначувањата во судството и злоупотребата на кратките законски процедури предизвикуваат голема загриженост. Владата ја дели сериозната загриженост на Европската Комисија за измените на Кривичниот законик со далекусежни последици за тековните случаи на корупција. Во блиска иднина, Северна Македонија ќе мора да покаже политичка волја да се справи со корупцијата на високо ниво и да се бори против организираниот криминал“, оценува владиниот кабинет на Холандија за европскиот Извештај за Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons