МакедонијаНајново

И попладнево нови дојави за бомби во скопски училишта 

Попладнево повторно дојави за бомби во повеќе скопски училишта.

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална фејсбук страница информира за пристигнати дојави за бомби во 7 училишта на територија на општина Гази Баба.

„Попладнево во 15:47 часот во општинските основни училишта ‘Наум Наумовски Борче’, ‘Крум Тошев’, ‘Григор Прличев’, ‘Дане Крапчев’, ‘Крсте Мисирков’, ‘Кирил и Методиј’ и ‘Наум Охридски’ се пристигнати дојави за поставени бомби.
Од страна на директорите и наставниот персонал, согласно утврдените протоколи е направена евакуација на сите ученици од зградите на училиштата и сите дечиња се на безбедно“, пишува Стефковски.

И грaдоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на fејсбук напиша дека на меил адресите на училиштата стигнаа заканите за поставени бомби.

„Спроведени се сите протоколи за вакви состојби и планот за евакуација. Делуваме координирано со командирот и службениците од ПСОН Ѓорче Петров на терен во сите училишта.

Учениците и наставниот кадар се безбедни.

Апелирам на смиреност и почитување на насоките на надлежните при вакви несакани прилики“, напиша Стојкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons