МакедонијаНајново

И вчера немаше 33% излезност за избор на градоначалник на Центар Жупа 

Жителите на Општина Центар Жупа и вчера не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7.077 гласачи.

Од таму додаваат дека на гласањето правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.

На Локалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7.317, а го остварија 25,77 отсто.

Вчерашниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

Пописот покажа дека процентите за намалување на населението по македонските општинис најпоразителни се за општините Маврово Ростуше и Центар Жупа. Во споредба со 2002 година таму има по 40% помалку население денес, отколку пред 20 години. Процентуално најголем пад има во Центар Жупа – 42,94%. На последните локални избори токму во овие општини немаше цензус за избор на градоначалници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons