Италијанскиот претседател Матарела му се поклони на Гоце Делчев
Претседателот на Италија Серџо Матарела и неговиот домаќин претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје.
Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас”.
Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Матарела, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Македонија и Италија, се одржа заедничка прес-конференција.