Имало ли план за атентат врз Бујар Османи во Молдавија?
Со автомобил бомба на14 февруари бил планиран атентат врз Бујар Османи кој во својство на претседавач на ОБСЕ бил во посета на Молдавија и регионот, пишуваат локалните медиуми. Молдавските власти велат дека немаат докази за вакво нешто, но безбедносните служби на сепаратистичкиот молдавски регион Трансинистрија позната и како Приднестројве, кој е под руска контрола, го тврдат спротивното. Според нив, лендровериот со експлозив требало да биде паркиран во близина на тврдината кон која се движела делегацијата во која биле нивните лидери и преставниците на ОБСЕ, но извршителот се откажал од планот. Имало резервен план делегацијата на ОБСЕ да биде крената во воздух на пат кон молдавскиот главен град Кишињев, но ни тоа не се случило. Лицето кое требало да ги изврши нападите е уапсено, а разузнавачи и обвинителството на Приднестровје тврдат дека зад планирањето на овој терористички чин стојат украински структури.
Властите на Приднестровје за обидот за атентат ги известија меѓународните фактори и побараа оперативна соработка. Засега Киев, Москва, но и македонското МНР молчат за случајот. Османи во посета на регионот беше со цел да се поттикнат преговорите меѓу Молдавија и отцепениот регион Приднестровје. На почетокот на март, Министерството за внатрешни работи на регионот кој се отцепи од Молдавија уапсија група која наводно планирала атентат и врз нивниот претседател Вадим Краснолески и уше неколку други функционери, а била оркестрирана од украинските специјални служби. Киев ја демантираше оваа информација и ја оцени како провокација на Кремљ.