Ивановски обезбеди осминафинале на турнирот во Тунис
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски и новиот турнир во Монастир, Тунис го почна со победа и пласман во осминафиналето.
Ивановски е прв носител на овој турнир, и таквата улога ја оправда во ова коло откако со 6-3 и 6-3 го совлада Олаф Печковски од Полска. Нашиот тенисер на минатиот турнир кој се одржа на истото место, изминатата недела, беше поразен во финалето. Ивановски во моментов е на 534. место на АТП листата.