МакедонијаНајново

Ивановска: Бројките покажуваат спремност кај граѓаните да се соочат со корупцијата 

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција гледа позитивен тренд кај подготвеноста на граѓаните за справувањето со корупцијата. Во вечерашното издание на Топ Тема на Телма, Ивановска оцени дека во споредба со минатата година имало намалување на бројот на граѓани кои прифатиле да дадат мито и што сега како проблем број еден во државата ја сметаат корупцијата.

АКО ПРИМЕТИТЕ ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ КОГА ПРОБЛЕМ БРОЈ ЕДЕН КАЈ ГРАЃАНИТЕ БЕШЕ НЕВРАБОТУВАЊЕТО, СИРОМАШТИЈАТА, ИТН ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ТОА Е КОРУПЦИЈАТА. ТОА Е ДОНЕКАДЕ ДОБРО ЗАТОА ШТО ГРАЃАНИТЕ ПРЕПОЗНАВААТ ДЕКА КОРУПЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ И СЕ СПРЕМНИ ДА СЕ СООЧАТ СО ИСТАТА. ПОНАТАМУ ВО ИЗВЕШТАЈОТ КАЖАА ПРОЦЕНТИ ДЕКА ОТПОРОТ КОН КОРУПТИВНИ ДЕЈСТВИЈА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА СЕ ЗГОЛЕМИЛ. ТОА Е ДОБАР ПОКАЗАТЕЛ, ЗНАЧИ НА СЕКОЈ ТРЕТ МУ БИЛО ПОНУДЕНО, НО СЕКОЈ ЧЕТВРТИ ВЛЕГОЛ ВО ТАА ШЕМА, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА 100.000 ПРУЖИЛЕ ОТПОР. ИСТО ТАКА БЕЛЕЖИ ПОРАСТ И ПРОЦЕНТОТ КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НАДЕЖТА НА ЛУЃЕТО ДЕКА МОЖЕМЕ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КОРУПЦЈАТА Е ЗГОЛЕМЕН, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ОВИЕ ДВА ПАРАМЕТРИ ВНЕСУВААТ ЗРАК СВЕТЛИНА ВО ЦЕЛАТА ОВАА ТЕМНИНА СО КОРУПЦИЈАТА. ЗНАЧИ ИМАМЕ КРИТИЧНА МАСА КОЈА ШТО МОЖЕ ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА КОРУПЦИЈАТА, РЕЧЕ ИВАНОВСКА.

Според неа треба да се работи понатаму за јакнење на свеста на граѓаните да знаат дека никому ништо не должат и дека онаму каде што се обраќаат за некаква услуга од страна на државните институции тие се должни тоа да им го направат бидејќи за тоа се платени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons