За 17 000 се намалил бројот на ученици во последните 7 години во Македонија
Пред почетокот на учебната година, во основните и во средните училишта низ Македонија ќе има околу 245.000 ученици. Според „Радио Слободна Европа“ споредбено со изминатите седум години, истата е намалена за 17.000 ученици, што го покажува егзодусот во последната деценија од земјава.
„Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лошите политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти“, изјави нминистерката за образование и наука Весна Јаневска, најавувајќи промени во образовниот процес.
Министерството за образование и наука (МОН) вети дека оваа учебна година, на првиот училиштен ден, учениците ќе располагаат со учебници или наставни материјали за сите предмети, освен за странските јазици. Ова е поради тоа што тендерот за нив не успеал и сега е во фаза на жалбена постапка. Исто така, оваа година учениците нема да имаат пролетен распуст, кој беше воведен за прв пат минатата учебна година.