Актуелно

За октомври цената на природниот гас e помала за 200 евра 

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје информира дека цената на природниот гас за месец октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1.000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец септември оваа година.

Малопродажната цена на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм, соопшти „Макпетрол“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons