Западно нилската треска ги полни болниците низ регионот, здравствените власти апелираат да се почитуваат препораките
Комисијата за заразни болести нема најава за состанок по смртниот случај на пациентка од конго –кримска хеморагична треска. Иако оваа болест ја пренесува заразен крлеж и може да има трансмисија меѓу луѓе преку контакт со крв, здравствените власти со уверување дека се е под контрола и нема простор за паника. 29 лица се под здравствен надзор поради контакт со починатата жена и досега никој не добил некакви симптоми.
Освен убодите од крлежи, опасноста демне и од комарците. Во соседна Грција веќе регистрирале 11 случаи на западно нилска треска од кои двајца починале а заразата е регистрирана и кај двајца жители на Србија.
Годинава еден случај е евидентиран и во земјата, но тој е импортиран и заболена била жена која се вратила од Црна Гора. По појавата на симптомите таа поминала одреден период и на Клиниката за инфективни болести.
Во Македонија во периодот од 2011 кога ги имавме првите случаи до 2015 биле регистрирани 22 пациенти со западно нилска треска од кои тројца починаа.
-Првите симптоми по каснувањето од заразен комарец се јавуваат во периодот од третиот и 14тиот ден по убодот. Дури 80 проценти од оние кои биле каснати не пројавуваат никакви симптоми или пак поминуваат со лесна клиничка слика. Еден процент од пациентите завршуваат со компликации и воспаление на мозокот.
Освен прскањето против комарци, апелот до граѓаните е да носат соодветна облека со што помалку откриени делови од телото, да користат заштитни средства кои ги одбиваат комарците