Е. Пелистер се засили со руски репрезентативец
кипата на Еурофарм Пелистер потпиша перманентен договор со рускииот репрезентативен пикер Денис Василев. Василев доаѓа во Битола на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој потпиша двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година.
Василев кариерата ја започна во Динамо Астрахан, а 196 сантиметри високиот и 95 килограми тешкиот пикер настапуваше и за Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, а потоа една сезона мина и во француски Шартр. Во тековната сезона во дресот на Мотор постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак.
Василев е стандарден член на руската репрезентација и настапи на Светското првенство во Египет.