Свет

ЕУ за ембаргото на руската нафта: Имаше тешки преговори, договорот би требало да биде денеска 

Членките на ЕУ би требало за време на разговорите меѓу официјалните лица да постигнат договор за нов пакет санкции против Русија, вклучително и ограничување на увозот на руска нафта, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„Треба да одлучиме едногласно. Имаше тешки преговори вчера попладне, како и утрово. Мислам дека ќе можеме да им понудиме договор на лидерите на земјите-членки попладнево“, рече Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Борел за радиото Франс инфо.

Владите на земјите-членки на ЕУ во неделата не успеаја да постигнат договор за ембаргото на руската нафта, што се обидуваат да го постигнат до почетокот на самитот на ЕУ во понеделник попладне.

Запрашан дали планот за забрана на увоз на руска нафта може да пропадне поради противењето на Унгарија и другите источноевропски земји, Борел рече: „Не, мислам дека не… на крајот ќе има договор“.

Предлогот, за кој земјите-членки разговараа во неделата вечер, до крајот на годината ќе забрани руска нафта која во ЕУ се увезува по морски пат, што нема да важи за нафтата, која преку нафтоводот Дружба ги снабдува Унгарија, Словачка и Чешка.

„Ги земавме предвид индивидуалните околности на сите (членки на Унијата)“, рече Борел, додавајќи дека решението на ниво на ЕУ ќе им даде на трите земји, на кои отпаѓа седум до осум отсто од руската нафта, „повеќе време да се прилагодат“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons