Актуелно

Драма во тетовско Гајре: киднапирање и закани со оружје, приведени тројца насилници меѓу кои и 16-годишник

Три лица се приведени а по едно се трага по пријава за киднапирање и закани врз 39-годишник, кој тврди дека бил грабнат и тепан под закана со огнено оружје во тетовско Гајре, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 20 февруари 2026 година околу 20.00 часот, З.И.(39) од село Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тие, според наводите, насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет. По преземени мерки, околу 21.50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од Гајре, кои биле затекнати во истото возило „голф“, кое претходно не запрело на даден знак за запирање од полициски службеници“ соопшти тетовската полиција.

Во селото Гајре, во присуство на родител, уапсен е и 16-годишникот. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на Л.М., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons