Дождот ги изгасна сите пожари во државата
Сите 22 пожари на отворен простор се изгаснати од дождот, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Дождот помогна сите пожари на територијата на државата да бидат изгаснати“, велат од ЦУК.
Така, изгаснати се пожарите во Општините Прилеп, Долнени, Чашка, Берово, Желино, Липково, Старо Нагоричане, Зелениково, Гази Баба, Чучер Сандево, Арачиново, Кичево и Росоман.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера соопштија дека располагаат само со еден функционален „ертрактор“, од трите што ги имаат.