МакедонијаНајново

Дијабетичарите 9 месеци не добиле ленти за мерење на шеќерот и покрај ветувањата 

Секој месец со нова надеж да ми кажат терапија има. Битката на Перо Шуриновски трае со месеци кој не може да добие ниту инсулински игли ниту ленти за мерење шеќер.

„Шеќерот не може да го мериме не знам колку да примам шеќер. Дали да ја примам дозата или помалце или пак повеќе“, вели Перо Шуриновски дијабетичар.

Лентите се пристигнати но се заглавени во процедурите се правда министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Нели имаше пропуст, не ставање во кутија. Ние ја побаравме компанијата побаравме од нив логично да ги стават во тоа да има упатство “, вели Фатмир Меџити министер за здравство.

Девет месеци битка со надлежните,пациентите со дијабет мака мачат да добијат ленти и лекови за третирање на болеста. Велат, ветувања има но во пракса се потешко се стигнува до потребната терапија. Во земјава над 116 илјади лица имаат дијабет од нив 45.000 се на инсулинска терапија. Без контрола и терапија се загрозува здравјето на дијабетичарите, а неконтролираниот дијабет доведува до откажување на бубрезите, срцев и мозочен удар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons