ДИК ОДЛУЧИ: На ова место ќе има прегласување
Државната изборна комисија(ДИК) прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино.
ДИК денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли.
Прифатениот приговор се однесување на за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. Како што пишува во приговорот, тој е поднесен затоа што 110 гласачи кои гласале немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.